Делата од „Карпино“ изложени во Кочани

Од:

Во Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани денеска е отворена изложба на ликовни дела од ликовната колонија „Карпино 2016“ која минатата година се одржа во Куманово.

На отварањето на изложбата присуствуваа претставници од Мултимедијалниот центар „Карпино“ од Куманово, ликовни творци и љубители на ликовната уметност од Кочани.

– На изложбата во Кочани има 17 дела од вкупно 30-те создадени на колонијата. Нив во повеќе видови техники ги создадоа ликовни уметници од Бугарија, Романија, Србија и Македонија, изјави Зоран Павловски, претстедател на Мултимедијалниот центар „Карпино“ од Куманово.

Раководителот на Ликовниот салон при Центарот од Кочани Александра Димитрова ја истакна соработката со Меѓународната ликовна колонија „Карпино“ и редовната презентација на создадените дела на ликовна изложба во Кочани.

Делата од колонијата „Карпино“ досега биле изложени во Куманово и Виница, а по презентацијата во Кочани ќе бидат изложени и во Кавадарци и Пробиштип. Во Кочани изложбата ќе биде отворена до 5 мај годинава.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски