Во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од 54. Меѓународна струмичка ликовна колонија.
Пред прилепската публика ќе бидат претставени 25 дела, создадени на Колонијата минатата година кога учествувале 17 домашни и седум странски автори.
Колонијата има долга традиција и низ годините учествувале голем број реномирани ликовни уметници. Една од нејзините карактеристики е слободниот израз на уметникот.
Изложбата е резултат на соработката меѓу центрите за култура од Прилеп и од Струмица.