Во Националната установа Центар за култура во Крива Паланка од синоќа се изложени делата од 53-та меѓународна Струмичка ликовна колонија.
– Изложбата содржи триесеттина дела создавани минатата година, од автори од пет држави. Сликите се во голем формат и се извонредни дела, плод на реномирани уметници од Русија, Полска, Србија, Бугарија и Македонија и ќе бидат изложени во галеријата десетина дена, информира директорот на НУЦК Центар за култура, Крива Паланка ,Александар Рангелов.
Изложбата е дел од редовната годишна програма, а се имплементира како проект финансиран од Министерството за култура на Република Македонија, како позајмена изложба од Национална установа Центар за култура Трајко Прокопиев, Куманово.