Во изложбениот салон на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница денеска беше отворена ликовна изложба на која се поместени дела од годинашната Меѓународна струмичка ликовна колонија.
– На изложбата се поместени триесетина ликовни дела создавани во повеќе техники: акрил и масло на платно и графика од автори од Македонија и странство, учесници на годинашната 53-та Меѓународна струмичка ликовна колонија, истакна Славко Данев, директорот на Домот на културата во Виница.
Тој се осврна на успешноста на оваа меѓународна ликовна колонија која во свои рамки ја има и работилницата за мозаик. Во изминатите 19 години, како што рече, создадени се 70 дела од вредните раце на уметниците мозаичари.
Изложбата на делата од годинашната Струмичка ликовна колонија ќе бидат изложени во наредните петнаесет дена.