Дела од 25. Интернационална кичевска ликовна колонија во Куманово

Од:

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики од 25. Интернационална кичевска ликовна колонија.

На оваа реномирана колонија, којашто се организира во „Куќата на уметноста“ на локалитетот Кнежино во Кичево на 25-тото издание учествуваа дваесетина уметници од земјата и од странство.

– Делата во најголем број се слики работени во техниката масло и акрил на платно, но има и графики и скулптури, информираат од Центарот за култура.

– Ги поканувам кумановци да ги разгледаат делата од толкав број на уметници, изјави Роберт Цветковски, од кумановскиот Центар за култура.

Колонијата е под покровителство на АД „Тајмиште“ – Кичево и во својата колекција има над 900 дела. Претставувањето на 25. Интернационална Кичевска ликовна колонија во Куманово е дел од годишната програма подржана од страна на Министерството за култура и ќе биде поставена за целиот период на времетраењето на Меѓународниот фестивал „Денови на комедијата 2019“ до 15 октомври годинава.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска