Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ) вечер, во рамките на франкофонската пролет, ќе биде отворена изложба на Викторија Ашаш.
Изложбата ќе ја отвори амбасадорката на Франција Лоранс Оер.
Викторија Ашаш е француско-британска сликарка, која и живее и работи во Лондон. Учествувала на повеќе од десетина колективни изложби во бројни галерии низ светот. Делата на оваа сликарка се полни со светлина и простор.