„Дел од мене“ – изложба во КИЦ на Македонија во Софија

Од:

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер од 18:30 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Дел од мене“, составена од фотографии и кратки видеозаписи, дел од видеоперформанс на уметниците Ферди Булут и Дарко Талески.

КИЦ на РМ соопшти дека проектот го реализираат двајца ликовни уметници кои живееат во пелагонискиот регион на Македонија каде што се уште тутунот е една од доминатните култури за финансиски приход.

– Од овој регион потекнуваат голем број видни уметници од сите области, чијшто мотив често бил тутунот. Ферди потекнува од рурална средина директно инволвиран од најрано детство во обработката на тутунот, Дарко од урбана средина, кој никогаш не бил директно вклучен во обработка на тутун, но неговото опкружување му дава можност да се запознае со тој процес. Едниот е од турска, а другиот од македонска националност, што уште повеќе го збогатува нивното заедничко творештво…, наведува макеонскиот КИЦ во Софија во најавата на изложбата.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска