Во Центарот за култура Крива Паланка синоќа беше промовирана дебитантска збирка поезија „Песни“ на младата кривопаланчанка Тамара Ангеловска, обајвена од „Дата песнопој” од Битола. Петнаесетгодишната Ангеловска е ученичка во прва година во средното општинско училиште „Ѓорче Петров” во Крива Паланка.
-Настанот е дел од програмата на нашата установа за ноември во областа на книжевната дејност, а промоцијата е уште еден чекор во исполнување на обврската да се биде поддржувач и промотор, меѓу другото, на младите надежни, талентирани и перспективни творци од сите уметности, изјави Мира Ѓоргиевска, директорка на НУ Центар за култура Крива Паланка.