„Да тргнеме сењор!“ – премиера на МНТ

Од:

„Да тргнеме сењор!“ е премиера на Македонскиот народен театар закажана за 22 декември од 20 часот на големата сцена. Текстот е на Ана Ристоска, а режијата на Нела Витошевиќ. Ристоска е млад драматург, на докторски студии во Виена каде што и живее, а својот текст му го посветува на татко и, актерот Кирил Ристоски кој почина пред три години.

Во писмената изјава по повод премиерата таа си спомнува дека пред десетина години не била подготвена да ја прифати поканата да работи со татко и и со режисерот Владе Цветановски на претставата „Дон Кихот“.

– На денот на нивната премиера на „Дон Кихот“ јас бев во Виена, не знаев дека ќе биде нивна последна. Чувството дека нешто им должам уште од пред десет години не исчезна. „Дон Кихот“ е и моја тема мислев отсекогаш, го сакам како што го сака секој што се занимава со нашава професија, со животот, истакнува Ристоска.

Нејзината колешка од факултет и соработник во други проекти, режисерката Витошевиќ, денеска на прес-конференција рече дека претставата е интимна приказна на Ана и е напишана специфично.

– Ова е многу специфична драматургија која мислам дека уште не е многу развиена кај нас, а е европски тренд, нова европска драма. Таа не располага со големи наративи, обработува интимни приказни, на мали луѓе. И нашава претстава обработува неколку интимни приказни, на луѓе од секојдневниот живот, и на едноставен начин побудува силни емоции. Претставата има поетичен тон, зборува за смртта, но преку славење на животот. Отвораме прашања што значи таа за некој што ја доживува, што значи за блиските околу него итн.. Ова е интимна приказна на Ана, врзана за нејзиниот живот, рече Витошевиќ.

Задоволна е од соработката со седумтемина актери во екипата. Нагласи и дека и е драго што повторно работи македонски текст, додавајќи дека во досегашната кариера најмногу потпишала режиии на македонски дела. – Битно е да се негува националната драматургија и сите ние од театарот да учествуваме во тоа, рече Витошевиќ.

Улогите им се поделени на актерите: Игор Ангелов (Таткото, Дон Кихот), Драгана Костадиновска (Ќерката), Дениз Абдула (Санчо Панса), Ивица Димитријевиќ (Мажот), Софиа Насевска-Трифуновска (Жената), Катина Иванова (Старата) и Александар Ѓорѓиески (Јоко).

Актерите истакнаа дека текстот покажува мајсторски пристап на авторката да ја извлече суштината со едноставни и кратки реченици. Тие на прес-конференцијата изведоа фрагмент од претставата што е нова практика на МНТ во медиумските најави на своите премиери.

Сценограф на претставата е Константин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа-Ристовска, а изборот на музиката е на режисерката Витошевиќ.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ