„Да го поздравиш и да ми го бациш“ – претстава во која актерите говорат за личните искуства

Од:

Тетарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“ ќе биде изведена вечерва, со почеток во 21 часот, во Џебоното кино на МКЦ.

Новата, документарна претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“ е авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, носејќи соништа за себе-остварување и соочување со општествените механизми на функционирање.

Темите кои се отвараат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите кои говорат за борбата за индивидуална слобода.

Каков треба да биде тетатарот денес? Кое е неговото место во опшетството? Потоа, се отвораат прашањата за местото на младите во општетсвото во кое живееме и се прикажува емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфлит помеѓу интутитивното и рационалното, слика за вакум просторот помеѓу „како сакаме да биде животот“ и „каков е животот навистина“, како и прашања и дилеми кои актерите на сцена ги поставуваат и бараат начин да ги одговорат.

Режисер на претставата е Билјана Радиноска, а настапува одлична, млада актерска екипа: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска Костовска.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“