„Цртаме акт“ – групна изложба на млади автори

Од:

„Цртаме акт“ е групна изложба на млади автори составена од цртежи, фотографии, видео презентација и перформативност што ќе биде отворена вечерва во Суб културниот центар „Шорт Бас“ во Скопје, а куратори и организатори се Маргарита Симовска и Доротеј Нешовски.

Како што информира организаторот Доротеј Нешовски, оваа изложба е носител на идејата за ослободување на поимот „Голо тело“ во сите негови видови на постоење – род, пол, националност, религија, идентитети.

-Различната перцепција на повеќе од 30 локални уметници изразена во 420 цртежи инспирирани од дваесетина модели, ја изкажаа потребата на човекот да создава и вреднува, да го сака, да го сочуствува и да го почитува човековото тело. Застанувајќи отспротива на деструкцијата, понижувањето и осудата, помладата генерација ги руши табуата за перформативно изложување на голото тело, соопштува Нешовски.

Целта на изложбата, како што се наведува во соопштението, не е да прикаже академизам и конструктивизам на цртежот туку целосна слобода на израз и пристап кон доживување на личноста која позира-перформира.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска