Акорди од гитарата на косовскиот вируоз Дрилон Чочај синоќа одекнуваа под сводовите на акустичната црква „Света Софија“. Овој извонреден уметник одржа концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“ доловувајќи дела од различни епохи.
– Многу ми е мило што сум дел од овој фестивал. Ќе свирам малку поинаков репертоар со дела кои се од различни епохи. Акустиката во цркват ае многу убава, а тоа е особено важно за инструментот гитара. Вообичаено, ние уметниците со гитара имаме проблем, но настапот овде,во акустичен амбиент, за нас претатвува огромна среќа, изјави гитаристот Чочај.
Уметникот кој приреди романтична вечер за публиката на „Охридско лето“ вели дека првпат настапува на фестивалот, но уште од мали нозе ги следел музичките концерти што се случуваат во „Света Софија“.
– Ова е мојот прв настап на фестивалот, но уште од мал ги следев концертите на „Охридско лето“ на секои две години. Посебно ми е важен балконот во горниот дел од црквата од каде што ги слушав плејадата ѕвезди кои беа дел од фестивалската програма. Навистина е голема чест и претставува огромно задоволство да се настапува на „Охридско лето“ каде што музицирале Максим Венгеров, Иво Погорелиќ, Николај Лугански и други звучни имиња. „Охридско лето“ е голема среќа не само за Македонија, туку и за целиот поширок регион, додаде виртуозот на гитара Дрилон Чочај.
Извонредниот музичар синоќа изведе дела од Јохан Себастијан Бах,Фернандо Сор, Абел Карлеваро и Мануел Понс.
Во својата биографија Чочај запишува победа на Интернационалниот натпревар за млади музичари „Арс Косово“ во Приштина, бројни солистички и камерни концерти во Косово, но и во Албанија, Шведска, Црна Гора, Германија, потоа учество на разновидни фестивали, како „Звуците на гитарата“ во Тирана, „Дам Фест“ и „Ре Музика“ во Приштина, познатиот фестивал „Шопен“ во Полска, Летниот фестивал во Улцињ и др.