Четврти фестивал на креативен документарен филм „Македокс“ од 15-ти до 21 јуни

Од:

Со проекција на филмот „Скопје 63“  по повод 50-годишнината од скопскиот земјотрес, в сабота во Куршумли ан ќе биде отворен четвртиот Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“, годинава под мото „Детоксикација“.

До 21 јуни ќе бидат прикажани филмови од повеќе земји, а покрај Куршумли ан, проекции ќе има и во Младинскиот културен центар. Од Македонија учествуваат четири документарци, на Игор Иванов-Изи, Синиша Ефтимов, Кирил Шентевски и на Петра Селишкар и Бранд Феро.

make-dox-2013

Организаторите денеска на прес-конференција најавија дека документарните теми ќе бидат поделени во четири програмски целини:  главна програма, нови автори, балкански документарци и краткометражни документарни филмови.

Филмовите во конкуренција ќе бидат оценети и наградени со официјалните признанија на „Македокс“ – „Кромид“ за најдобар филм во меѓународна натпреварувачка програма, „Млад кромид“ за најдобар филм на нов автор, „Кокарче“ за најдобар филм за деца и млади и награда за филм со најдобри етички идеи.

Во Куршумли ан ќе има по две вечерни проекции – од 21 и од 23 часот, а во киното „Фросина“ во МКЦ од 16 јуни ќе бидат репризирани прикажаните документарци.

Истакнати режисери и продуценти ќе ги споделат своите искуства со љубителите на документарни филмови во Куршумли ан, во т.н. Дискусии под смоква, секој ден во 18 часот. „Македокс“ и оваа година во август ќе патува низ градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ