Четворица Македонци на медиумска работилница „Дневна соба на иднината“ во Сараево

Од:

Група млади креативци, меѓу кои четворица од Македонија, ќе учествуваат на работилница за креирање на иднината на емитувањето, соработувајќи со Би-Би-Си, лабораторијата Датабокс (Databox) за мешани реалности и Фондацијата за уметност и креативна технологија (FACT).

Тие се избрани по јавниот повик во регионот од Британскиот совет, во рамки на програмата PlayUK на Британски совет и од денеска до 4 ноември ја организираат работилницата „Дневна соба на иднината“, којашто ќе се одржи во рамки на регионалниот форум за иновации „Sarajevo Unlimited“, регионална платформа за иноватори, старт-апи, таленти и спроведувачи на промени, организирана од страна на бизнис центарот за креативност и иновација Networks INT.

Дваесет учесници вклучени во креативни области како кинематографија, програмирање и ИТ ќе добијат можност да се информираат за иновациите во медиумското емитување и најдобрите ќе бидат дел од програмата за стручно усовршување во Велика Британија во февруари 2018 година.

Освен четворицата учесници од Македонија, ќе има девет учесници од Албанија, четири од Србија, двајца од Босна и Херцеговина и еден од Црна Гора.

Учесници од Македонија се Тања Тодорова (независен продуцент за дигитални медиуми), Далибор Вучиќ (инженер за индустриски дизајн и 3Д уметник), Бојана Арсова (компјутерски инженер и студент по технологија) и Илија Тирицовски (телевизиски и филмски продуцент).

Во текот на дводневната работилница, учесниците ќе се запознаат со светот на Object Based Media и ќе бидат вклучени во интензивно креирање на нови содржини, кои ќе го направат домот богато искуство за споделување.

Овие креативни луѓе ќе научат како да ја користат платформата Databox за да создадат поинакви искуства. Обучувачите од Велика Британија ќе споделат знаење за нови начини на размислување во медиумското емитување, Интернет на нештата (ИоТ), приватност и податоци.

Програмата за стручно усовршување во Велика Британија (вклучувајќи ги Ливерпул, Манчестер и Нотингем) ќе им овозможи на двајца учесници да работат директно со три најуспешни претставници во полето на новите растечки медиуми, Би-Би-Си, Фондацијата за уметност и креативна технологија (FACT) и Датабокс (Databox) лабораторијата за мешани реалности.

Со програмата ќе следи и експериментална демонстрација врз основа на сценарио – „family living room“, како експеримент „во живо“ на Object Based Media (OBM), притоа водејќи евиденција на тековната гледаност. Програмата за специјализација ќе се реализира во февруари 2018 година.

Британскиот совет ќе им овозможи на посетителите на „Sarajevo Unlimited“ да уживаат и во Сината соба на Би-Би-Си, интерактивна презентација на мултимедијална технологија при што публиката ќе има можност да гледа и создава содржини на нови и возбудливи начини, како и да се запознае со нови уреди од областа на технологијата кои беа искористени за оваа цел.

Покрај тоа, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со актуелните трендови и визијата на Би-Би-Си за креирање, дистрибуција и следење на медиумска содржина, како и со перцептивните медиуми на 4 ноември на предавањето на Иан Форестер.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска