Четкар ќе настапи на џез-фестивалот „Џава“ во Џакарта

Од:

Џез-музичарот Владимир Василевски-Четкар денеска ќе настапи на џез-фестивалот „Џава“ во Џакарта, кој е меѓу најпознатите музички фестивали во светот и најголем џез-фестивал во јужната хемисфера. Настапот е во рамки на неговата азиска турнеја која се одржува со поддршка од Министерството за култура.

Четкар ќе настапи на една од главните сцени, а ќе биде придружуван од македонски, американски и од тајландски музичари, од Филип Стевановски на тромбон, Коди Роландс на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Супакит Фоганакит на клавијатури, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.

На овој реномиран џез-фестивал редовно настапуваат најголемите џез, поп, фанк и соул музичари, како: Стинг, Џорџ Бенсон, Стиви Вондер, Херби Хенкок, Џон Леџенд, Шака Кан, Џејми Кулум, Пети Оустин, Карлос Сантана, Ентони Брекстон, Кул енд д Генг, Чик Кореа, Инкогнито, Мецофорте, Ли Ритенор, Ди Ди Бриџвотер…

По концертниот настап во Индонезија, Четкар ќе ја продолжи турнејата во Тајланд каде ќе одржи два концерта – на 12 март во познатиот џез-клуб „Џез Суши“ во Бангкок и на 18 март на музичкиот фестивал Патаја.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска