Оваа сабота, 18 август, Владимир Четкар ќе го одржи традиционалниот концерт ‘Вино и џез’ во Охрид во Хотел Филип.
Ова е четврта година по ред како се одржува овој музички настан каде што публиката ќе може да ужива во авторската музика на Четкар и во извонредните македонски вина.
Вратите се отвараат во 20 часот а концертот ќе започне во 21 часот, влезниците за овој концерт чинат 300 денари а за резервации и повеќе инфо љубителите на виното и џезот може да се јават на 078 474 656.