Четириесет и прво издание на „Браќа Манаки“: Соодветно ќе се одбележи, иако нема да се одржи на традиционален начин

Од:

На последното собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) едногласно е донесена одлука во врска со годинашното издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки” дека нема да може да има традиционално издание со гости и со програма како изминатите 40 негови изданија, со оглед на фактот дека големи филмски фестивали од „А“ категорија, како Кан, Карлови Вари, Локарно и други, беа откажани, како и со оглед на објективните состојби и последици предизвикани од пандемијата.

Како што соопшти ДФРМ, тоа за што се согласни филмските работници е дека формата на одбележување на овогодишното издание на фестивалот „Браќа Манаки” треба да кореспондира со вредноста на фестивалот и заради тоа ќе се вложи креативна енергија и напор таа да се зачува.


На собранието била реизбрана Гена Теодосиевска за директор на ИФФК „Браќа Манаки“, а мандатот според Статутот на ДФРМ важи за следните две изданија на фестивалот.

– Останува староновиот директор на фестивалот заедно со ДФРМ да изнајдат начин за достоинствено одбележување на 41. издание на „Браќа Манаки“, кој е наш најголем и најзначаен филмски фестивал, како и можноста за инволвираност на неговиот домаќин во „новото нормално“, градот Битола, наведуваат од ДФРМ.

Би можело да ве интересира

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Почнува 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

Предраг Петровиќ

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“