Во рамките на фестивалот „Локомоушн#7“, на програмата која ќе се реализира во РИЦ /Рисимкин Истражувачки Центар, вечерва во 20 часот ќе биде изведена претставата „Само-создаден човек, земја создадена од човек’“ од Урсула Игли од САД и од Коџи Сето од Јапонија.
Апстрактно дело кое не е целосно апстрактно. Фигуративни моменти трепкаат низ него. Луис Буржуа е референтна точка.
Ова дело се состои од јазик на движење кој Игли го истражува со години – згрчен и флуиден, чуден и елегантен, испрекинат и летаргичен. Сферичните зглобови го изоструваат неповрзаното тело. Структурата на звукот и движењето во овој танц ја огледува структурата на својот наслов. Тоа е речиси палиндром[1], речиси истото напред и назад, но во суштина се менува и развива. Ја поканува публиката да бара одблизу промени во формата, кои пак раѓаат промени во значењето.
Сето Коџи е јапонски композитор, член на уметничкиот колектив Флоу, и директор на уметничкиот колектив ROOT CULTURE. Проектите и делата на Флоу биле прикажани во многу музеи како МоМА (Њујорк), Batofar (Париз), Art Sonje (Сеул), YCAM (Јамагучи, Јапонија), and ICC (Токио). Како композитор , неговите дела биле објавени од страна на Soup-Disk (Токио) и Sonore (Франција), како и користени за телевизиската програма на NHK, јапонската национална радиодифузна компанија. Тој исто така соработувал со кореограката Јошико Чума во делото „Задржи го часовникот“, во продукција на ROOT CULTURE. Делата на Коџи се многу познати и ценети во Јапонија и тој работи како вондреден професор на Колеџот за музика на Универзитетот Ферис во Јокохама.
Урсула Игли е танчер уметник која живее во Њу Јорк. Нејзините дела се изведувани во The Chocolate Factory, Dance Theater Workshop, Danspace Project, Mount Tremper Arts, Movement Research at the Judson Church, the New Museum for Contemporary Art, The Brooklyn Museum of Art, и многу други простори во Њу Јорк. Таа учествува во интернационални размени, и е во постојана комуникација со Искра Шукарова (Македонија) со која се сретнала за време на изведбата на делото на Јошико Чума во 2006. Таа со своите дела патува во Албанија, Данска, Италија, Јапонија и Манипур, кои се поддржани од Mid Atlantic Arts Foundation’s USArtists International program, New York Live Art’s Suitcase Fund, the Foundation for Contemporary Arts’ Emergency Grant Program, програмите на Japan Foundation’s Performing Arts JAPAN, Mertz Gilmore Foundation, и од Queens Council on the Arts. Урсула исто така го истражува перформансот преку пишување текстови кои се објавени во списанија како Artforum, исто така го уредува и Movement Research Performance Journal, Critical Correspondence, и два каталози на Danspace Project PLATFORM.
Потоа од 20.45 часот следува претставата „Динамик“ од Емили Свиниј од САД, а од 21 часот на програмата е P.O.CAJITA од Мартин Ланц Ландазури од Мексико.
Емили Свиниј е кореограф и танчер, со потекло од Вермонт (САД), сега живее во Оукленд, Калифорнија. Нејзината работа се однесува на интеракција меѓу импровизација, кореографија, тела, сетила, простори и меморија. Емили учествува во работата на Claudia Bosse/theatercombinat на Impulstanz Vienna, работи и со Emily Johnson/Catalyst Dance. Таа има Мастер по истражување [MRes (with distinction)] во перформанс и креативно истражување на Универзитетот Роехамптон во Лондон.emilysweeney.net
Последната фестивалска претстава, вечерва, на репертоарот од 21 часот е „Телото може да резонира“ од Американецот Питер Скискиоли, потоа, во 21:45 часот е закажано Пост – шоу разговор со изведувачите: модерирано од Јасмина Заложник, соопшти „Локомотива“.