,,Чествување на Ацо Шопов” во Скопската градска библиотека

Од:

На 13 декември 2022 година во ЈУ Градска Библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, со почеток во 12.00 часот, ќе се одржи Чествување на Ацо Шопов . Повод за овој настан е 40 години од неговата смрт.

За великанот на современата македонска поезија ќе зборуваат д-р Веле Смилевски и д-р Марина Мијаковска. Настанот ќе го води и воведен збор ќе има Братислав Ташковски, а стихови од Шопов ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

Ацо Шопов е еден од основачите на современата македонска поезија. Роден е во Штип на 20 декември 1923 година. Бил уредник на литературните списанија „Иднина“, „Нов ден“, „Современост“, директор и главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Кочо Рацин“. Бил активен учесник во Народно ослободителната војна, претседател на ДПМ, претседател на Советот на СВП, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство. Бил амбасадор во Сенегал, член на МАНУ, член на Македонскиот ПЕН центар и член на ДПМ од неговото основање.
Ацо Шопов е автор на првата повоена книга објавена на македонски јазик во слободна Македонија „Песни“ во 1944 година. Неговото огромно творештво опфаќа 15 првообјавени книги поезија, 17 поетски избори на македонски јазик и 21 поетски избори на странски јазици. Добитник е на 9 книжевни и опшстествени награди.Почина во 1982 година.

Би можело да ве интересира

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Ацо Шопов: „Песна над песните“

Со промоција на зборникот „Шопов на 11 јазици“ завршува 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Портрет на Ацо Шопов во списанието „ Ел Нуево Хералд“ во Мајами

Пендаровски покровител на „2023–Година во чест на Ацо Шопов“