Чешката публика воодушевена од „Македонска приказна“

Од:

Претставата „Македонска приказна“ со која Театарот за деца и младинци настапи во Прага предизвика голем интерес кај публиката.

Директорот на Театарот Драган Довлев изјави дека се барало место повеќе и оти глумците биле испратени со долг аплауз и овации.

– Уште еднаш се покажа дека „Македонска приказна” е вистинскиот, ако не и најдобриот репрезент на нашата држава, кога е во прашање театарското претставување на Македонија во европските центри. Тоа се случи и во Стокхолм пред повеќе од две години, но овојпат мислам дека отидовме и чекор понатаму. Овојпат претставата беше полн погодок, истакна Довлев.

Тој додаде дека претставата мора да продолжи да живее и да се обновува со нови млади актери затоа што тоа го заслужува.

Режисер на претставата е Боњо Лунгов, а во актерската екипа се Татјана Павловска-Кочовска, Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска, Владимир Лазовски и Предраг Павловски.

Гостувањето на Театарот за деца и младинци во Прага беше во рамки на Деновите на македонската култура што ги организира Министерството за култура на РМ во соработка со македонската Амбасада во Чешка, по повод 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Македонија и Чешка.

Во рамки на манифестацијата досега се одржаа 10-тина настани, а следната недела ќе биде отворена изложба на Националната галерија на Македонија, а концерт ќе одржи дуото „Скупи“.

Претставата „Македонска приказна“ во 2012 година настапи и во Стокхолм, по повод две децении од шведско-македонските дипломатски односи.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ