Централниот конзерваториум на Кина вечер на „Охридско лето“

Од:

Оркестарот на Централниот конзерваториум на Кина вечер, во рамки на Охридско лето, ќе одржи концерт во предворјето на црквата „Света Софија“.

Под диригенство на Ванг Фуџијан ќе настапат и пет солисти кои свират на ерху (двожична кинеска виолина), дизи (кинеска флејта од бамбус), гучин, пипа и суона (кинеска обоа).

Оркестарот изведува музика од современите кинески композитори кои создаваат дела за традиционалните инструменти, соработувајќи со истакнати музичари-изведувачи. Формиран е во 1960 година, а неговите членови се истакнати професори и одлични ученици од кинескиот музичко-инструментален оддел во Централниот конзерваториум за музика, еден од најзначајните музички институти во високото образование во Кина и во светот. На изведувачите им нуди различни можности за настапи и стекнување сценско искуство.  Оркестарот е постојан учесник на различни фестивали.

Музичарите од Кина синоќа одржаа концерт во МОБ, во рамки на Скопско лето.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма