Центарот за култура во Куманово ќе организира настани на отворено

Од:

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утревечер од 20 часот ќе организира концерт на отворено на „Трио џентлмен“, кој ќе биде прв настан на оваа национална установа по петмесечна пауза. Посетителите мора да носат заштитна маска, а Центарот за култура ќе обезбеди дезинфекција.

– Ги повикуваме кумановци да дојдат и да го проследат овој интересен концерт кој се надеваме ќе биде на задоволство на публиката. На настанот ќе бидат запазени сите протоколи од надлежните институции, изјави Сашо Тодоровски, директор на установата.

Концертот на „Трио џентлмен“ е прв настан со кој кумановскиот центар за култура ја почнува сезоната, а во текот на овој месец ќе организира и претстави на отворено, изложби и уште неколку концерти, вклучувајќи го детското караоке шоу поддржано од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат