Октомври е месец кој е посветен за подигнување на свеста кај пошироката јавност за поддршка на лицата со Даунов синдром. За таа цел, секоја година, Центар за младински активизам „Крик“ организира низа настани.
Во рамки на настаните предвиден е и настап на Culture Device Dance Project танцова група од Велика Британија.
Culture Device Dance Project e иновативна, експериментална и oригинална компанија за професионални танчери со Даунов синдром. Компанијата користи техники на импровизација и експериментални електронски звуци во обидот да помести граници во полето на современа кореографија и да понуди професионална, уметничка и креативна платформа за танчери со Даунов синдром.
Вечер ќе биде организирано танцувачко караоке во Шот Бар Безистен, а претходно на малата сцена во Македонска опера и балет ќе настапи Сара Горди, која е актерка, модел и танчерка. Таа е дел од Culture Device Dance Project, иновативна, експериментална и oригинална компанија за професионални танчери со Даунов синдром.