„Брзо сликање“ во чест на жената

Од:

Под мотото „Уметниците за 8 Март“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа традиционалната манифестација „Брзо сликање“, на која осум уметници членови на прилепското друштво на уметниците сликаа по повод меѓународниот ден на жената.

Своите дела во чест на жената ги создадоа уметниците Александра Богоеска, Емилија Ѓорѓиоска Димоска, Анита Јовеска, Маја Најдоска, Јасмина Руневска, Васе Боцеска, Викторија Димеска и Верче Николоска.

Уметничката Руневска, претседател на прилепското Друштво на ликовните уметници со порака за жените да се борат за својот глас.

– Брзото сликање е убав настан на кој се собираме, твориме, работиме брзи цртежи, дела кои имаат место во галеријата. Секој ден нашата борба продолжува. Сѐ уште има проблеми со родовата еднаквост. Сакам да порачам дека жените треба да се борат за својот глас, рече Руневска.

Според в.д директорот на Центарот за култура Менче Караџоска, голем е дарот на уметниците за меѓународниот ден на жената.

– Симболично, на манифестацијата учествуваа осум уметници кои создадоа дела кои подоцна ќе ѝ бидат достапни на јавноста. Овие уметници денеска ни даруваа талент, креативност, уметност. Борбата за рамноправноста секој ден трае, изјави Караџоска.

Манифестацијата „Брзо сликање“ се одржа по деветти пат.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска