Угледниот „Индипендент“ објави блескава оценка за настапот на Симон Трпчески и „Македонисимо“. Станува збор за рецензијата на музичкиот критичар Мајкл Чрч.
Во рецензијата пишува „Оваа група мора повторно да се врати“.
Најновиот проект со музика од Македонија „Македонисимо“ на пијанистот Симон Трпческибеше претставен во салата за камерна музика, лондонскиот „Вигмор Хол“, која беше исполнета до последното место.