Божиќен концерт во битолската Католичка црква „Пресвето срце Исусово“

Од:

Здружението на Хрвати од Република Македонија, огранок во Битола, вечер организира традиционалниот Божиќен концерт на кој годинава ќе учествуваат младинскиот женски хор на КУД „Стив Наумов“-Битола и членови на Заедницата на хрвати кои учествуваа во наставата на хрватски јазик во Македонија.

Според програмата, младинскиот женски хор под диригенство на Љубо Трифуновски ќе изведе дела македонски и странски композитори, уметникот Дарко Кулевски на хармоника ќе го изведе делото на Семјонов „Слики од ренесансата“, а со соло гитара ќе настапи Андреја Чукалкова која ќе исполни Божиќна песна.

– Католичката Црква „Пресвето Срце Исусово“ е место каде што го славиме Христовото раѓање, каде што ја одржуваме традицијата и каде кон Здружението на Хрвати се приклучуваат и други битолчани. Благодарни сме што новиот жупник Дон Паво Шекерија ја препозна иницијативата и се заложи за реализацијата и на годинешниот Божиќен концерт во Битола, соопштија организаторите на вечерашниот културен настан во овој град.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе имаме напредок и прогрес во секој план

Горан Наумовски

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

Мицкоски: Божик нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг

„Влен“: Празнициве се потсетник дека нашата земја е најсилна, кога сите заедници живеат во хармонија

Божикно послание на г.г. Стефан: Да се почитуваме меѓусебно, за изградување на единство во Црквата Христова, да имаме мир со луѓето и мир меѓу народите

Предраг Петровиќ

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик