Божикен концерт на Женскиот младински хор при МКЦ

Од:

Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, вечер во катедралната црква „Пресвето срце Исусово“ ќе одржи Божикен концерт, на кој ќе бидат изведени композиции со духовна тематика.

Женскиот младински хор при МКЦ од своето формирање во 1972 па се до денес е една од најпрепознатливите карактеристики на Младинскиот културен центар од Скопје. Изведувајќи огромен и разноврсен репертоар, со посебно внимание кон македонското хорско творештво, овој ансамбл покажа дека и пеачи аматери можат да постигнат високо професионални резултати.

Во изминатите 44 години хорот освоил многу награди и признанија на домашни и меѓународни натпревари и фестивали промовирајќи се во вистински културен амбасадор на Република Македонија. Нај скорешните успеси се освојувањето златна диплома и две специјални награди на натпреварот „Ливиу Борлан“ во Баја Маре, Романија (2015) и освојувањето на две први места и три специјални награди на фестивалот и натпревар за хорска духовна музика „Вратиславиа сацра“ во Вроцлав, Полска (2016).

Сашо Татарчевски настапувал со голем број ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, оркестарот на МОБ, симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, државниот симфониски оркестар на Русија, симфонискиот оркестар на Ермитаж, камерниот оркестар на Битола, симфонискиот оркестар на ФМУ, “Солисти на ФМУ“, Битолската опера, ансамблите за современа музика “Алеа“ и “Контемпора“, хоровите “Магнолија“ од Словачка, “Кантабиле“ и “Иполотов-Иванов“ од Русија, „Кантемус“ од Унгарија и други камерни и симфониски состави. Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент на мешаниот хор “Драган Шуплевски“, камерниот професионален хор “Про Арс“ и женскиот младински хор при МКЦ. Освен на сцените низ Македонија, има настапувано со различни ансамбли во голем број европски земји освојувајќи најпрестижни награди. Татарчевски е редовен член на неколку жири комисии на интернационални хорски натпревари како и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

(ВИДЕО) Зечевиќ за Божиќ: Симболот на раѓањето нова надеж, нека биде поттик за добри дела и нова можност за сегашните и идните генерации

Предраг Петровиќ