Богата програма на Дојранското културно лето

Од:

Општина Дојран со манифестацијата „Дојранско културно лето“ годинава ќе биде дел од проектот „Топол културен бран“ кој се организира по седми пат во соработка со Министерството за култура.

– Туризмот и културата одат во пакет и токму поради тоа содржината на културната програма е голем предизвик за општина Дојран, рече градоначалникот Борче Стамов и додаде дека дојранчани чувствуваат обврска и задоволство летниот одмор на сите туристи да им го направат вреден за сеќавање.

Дојранското културно лето кое официјално почна со манифестацијата „Дојран гурман фест“ годинава ќе понуди квалитетна програма со учество на реномирани музичари, актери, уметници и звучни имиња од домашната културна сцена.

– Со програмата која е создадена да ги задоволи сите возрасни групи и љубители на различни уметнички жанрови, Дојран ќе понуди колаж од настани кои ќе ги задоволат сите уметнички сетила на посетителите, нагласи Стамов.

Настаните ќе се изведуваат на летната сцена, на сцената „Под јаворите“,  долж  пешачко-рекреативната патека и во црквата „Свети Илија“. Целта на оваа разновидност, додаде Стамов, е Дојран во наредните три месеци да стане голем театар на отворено.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски