Битолскиот театар на уметничко дефиле во Санкт Петербург

Од:

Актери на Националната установа Народен театар-Битола викендов учествуваа на големо уметничко дефиле и свеченото отворање на манифестацијата „Денови на Достоевски“ што се одржува во рускиот град Санкт Петерубрг.

Од секторот за осдноси со јавност информираа дека на големата прослава што се одржа во центарот на Санкт Петербург, а по повод основањето на градот учествувале повеќе од 100 актери од сите театри во градот, заедно со нив и битолските актери Никола Пројчевски, Марјан Ѓорѓиевски и Александар Копања како специјални гости од Македонија.

– Нашите актери на 26 мај ќе ја одиграат претставата „Без паника”во режија на Благој Мицевски. Претставата ќе биде изведена во театарот „Достоевски“ за која владееше голем интерес и влезниците се распродадени. Гостувањето е резултат на долгогодишната соработка на битолскиот театар со театри од Петербург, а е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија,истакна Билјана Вржовска, советник за односи со јавност во НУ Народен театар-Битола.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он