Битолскиот театар ќе учествува на театарски маратон во Сомбор

Од:

Актерите на битолскиот театар Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов, по синоќешната премиера на претставата „Брод за кукли“, отпатуваа за Србија каде утревечер ќе гостуваат во Сомбор.

На покана од Народно позориште-Сомбор, битолските актери ќе настапат на театарски маратон и ќе ја изведат дуодрамата „Кислород“ од Иван Вирипиев, во режија на Иван Јерчиќ.

-„Кислород“ е возбудлива и провокативна претстава, која низ исклучителни инвентивни и емотивни играни актерски и режирани драмски сцени, со својата комплексна структура поттикнува преиспитување на сложените егзистенцијални прашања со критика на општествените, социјалните и политички проблеми, информираа од НУ Народен театар-Битола.

На 8 јуни, НУ Народен театар Битола со истата претстава ќе гостува во Нови Сад на камерната сцена на Српско народно позориште.

Би можело да ве интересира

Златна 2021 година за Битолскиот театар

Премиера на претставата „Жени“ во Битола

Битолскиот Народен театар одбележува 77 години од формирањето

Ана Ололовска

Битолскиот театар освои Гран при на фестивал во Крагуевац

Катерина Ѓуровски

Претставата „Аждер“ премиерно во Битолскиот театар

Наум Локоски