Битолскиот театар ја подготвува „Геноцид“ на Љубиша Георгиевски

Од:

Драмскиот писател, режисер и теоретичар на театарот Љубиша Георгиевски денеска во Битола најави дека почнува со подготвки на драмата „Геноцид“, која ќе биде поставена на сцената на НУ Народен театар-Битола.

– Дојден сум тука за да почнам да работам на пиеса која се вика „Геноцид“, која беше поставена во Скопје, и која претставува полемика со грчкиот фашизам. Јас уште сум доволно млад да полемизирам. Првиот геноцид во историјата, според Хомер, го направиле Грците над Троја, а Хомер бил Грк. Оттогаш, од самата Тројанска војна, започнала војната за да не запре се до ден-денес. Во оваа претстава на само 12 километри од денешната македонско-грчка граница насилното лудило на грчката солдатеска се прикажува во сиот свој делириум, а геноцидот како врвен злостор во некои земји се слави како јуначки подвиг, рече Георгиевски на прес-конференција во Битола.

Појасни дека во пиесата се заробени Агамемнон, победникот во Тројанската војна, и поразената кралица на Троја – Хекуба. – Обајцата, крвникот и жртвата, врват низ процес со помош на кој ја разбираат крваво дијалектиката на насилието и да осознаат дека не можат еден без друг, додаде авторот Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ