Биографски филм за Алфред Хичкок

Од:

Биографскиот филм за Алфред Хичкок го носи слоганот „Зад секој психо стои успешна жена“, а тој е така смислен за да ги собере во себе двете приказни кои меѓусебно се испреплетуваат во овој филм.

Едната, која навидум е централна, е спроведувањето на идеја за филм од почеток до крај со неопходната упорност и пребродувањето на бројни тешкотии.

Втората, веројатно многу поважна, е значењето на љубовта и поддршката која сопругата на Хичкок му ја дава за тој да може да ги реализира своите цели.

Хелен Мирен одлично ја толкува Алма, сопруга, пријателка и најблизок соработник на Алфред Хичкок (Ентони Хопкинс).

По неговиот голем успех со филмот „Север – северозапад“ (North by Northwest) таа го советува да ги прифати понудите за неколку големи блокбастери во најава, но за разлика од неа Хичкок сака нешто поинакво.

Филмот е базиран на книгата „Алфред Хичкок и создавањето на Психо“ од авторот Стивен Ребело која наводно многу прецизно ги опишува сите настани во врска со легендарниот режисер и околностите во кои го снимал овој филм. Без разлика на тоа колку режисерот Саша Џервази се водел според наводите на оваа книга или додал нешто за да драматизира повеќе, тој во секој случај успева да ни даде детална претстава за односот на Алфред Хичкок со Алма и нејзиното значење во неговиот живот.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ