Бигорски манастир го одбележува патронот

Од:

Познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, познат како Бигорски манастир, го  одбележува  Отсекување на чесната глава на неговиот  славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован.

Како што информираат од Бигорскиот манастир,  во свештената Бигорска обител вечер ќе се отслужи празнична вечерна богослужба, која ќе почне во 18 часот. Утре, на денот на патронот, во 7 часот  ќе започне утрената богослужба а во 8.30 часот ќе започне божествената архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение со уште двајца архијереи од МПЦ-ОА.

– На торжествената манастирска слава се покануваат сите православни верници од краиштата на нашата богочувана татковина, а особено од полошко-реканскиот крај, кои сакаат заедно со нашето монашко братство молитвено да го прослават споменот на Св. Јован Крстител и кои негуваат почит и љубов кон неговото славно Бигорско светилиште, стои во поканата од Бигорското братство.

Традиционлано, по повод патронот во Бигорскиот манастир, престојуваат повеќе стотици верници од сите делови на државава, кои овде доаѓаат неколку дена пред празникот, но најмногу вечерва и утре.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски