Базар, изложба и претстава на последниот ден на „Скопје креатива 2013“

Од:

Базар на уметнички дизајн, на кој ќе бидат изложени најразлични модни додатоци, накит, беџови, магнети, дизајнирани од македонски креатици, ќе биде одржан денеска во рамките на „Скопје креатива 2013“.

Базарот што се одржува на последниот ден од фестивалот ќе биде отворен за посетитетите во Универзалната сала до 22 часот.

Годинашната фестивалска програма, ќе биде официјално затворена со изложба на производите кои се работеа во изминатите три дена на работилниците за сликарство, рециклиран дизајн, анимиран филм, стрип, дизајн на велосипеди, како и изработката на новиот кириличен фонт.

Ќе биде изведена и претставата „Градот убав“ во режија на Наташа Поплавска, а ќе биде одржана и забава на „Млади ди-џеи“ кои ја посетуваа работилницата на ди-џеј Гето Руди.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска