Барбара Фритоли и Лео Нучи на отворањето на годинешното „Охридско Лето“

Од:

Атрактивната оперска дива и сопранот Барбара Фриотли и еден од најгголемите баритони на денешницата Лео Нучи ќе го отворат годинешното издание на „Охридско Лето“ кое е 54-то по ред. На денешната прес – конференција, раководството на фестивалот ја презентираше програмата која ова лето посетителите ќе можат да ја видат и слушнат.

Фестивалот „Охридско Лето“ во изминатиот период се потврди како најголем меѓународен фестивал во Македонија.

По традиција на Антички театар за старт на фестивалот имаме голема ѕвезда, а годинава ќе ја започнеме со две мега ѕвезди. Фестивалот ќе го отвориме на 12 јули со почеток во 21 часот со вечер на популарни оперски арии во изведба на уметниците со прекрасен глас Барбара Фритоли, Лео Нучи, баритон од Италија под диригентската палка на маестро Луис Горелик од Италија во придружба на Македонската филхармонија која со овој концерт го прославува својот 70 годишен јубилеј – истакна директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска.

Elizabeta Jankulovska

Гордана Јосифова – Неделковска, која е музички селектор на фестивалот покрај отворањето на фестивалот, го најави учеството на големи уметници чиишто настапи ги красат најпрестижните светски сцени, а со нивното доаѓање во Македонија ќе станат вистинско доживување за љубителите на музиката.

Атрактивната Барбара Фритоли, остварува незаборавни креации во оперите на Моцарт, Верди, Пучини на водечките светски сцени во Европа и Америка меѓу кои Метрополитен, Штаатсопера и Ла Скала, со врвни диригенти. Меѓу позначајните настапи се вбројуваат настапите на Свадбата на Фигаро, Отело, Дон Џовани, Симон Боканегра и многу други.

Лео Нучи неодамна го оствари фасцинантното 500-стото појавување во улогата на Риголето со која, како и со многу други клучни баритонови улоги ги освои Арена ди Верона, Скала, Метрополитен, Штаатсопера и многу други – додаде Гордана Јосифова – Неделковска.

Gordana Josifova - Nedelkovska

Презентирајќи го музичкиот дел од програмата, Јосифова – Неделковска нагласи дека на 14 јули во духовниот храм „Св. Софија“ го очекуваат настапот на пијанистката Елизавета Леонскаја, додека на 19 јули настап ќе има пијанистот Аркадиј Володос.

На 17 јули повторно ја најавуваме Полската вечер на фестивалот Охридско лето, со задоволство констатирајќи дека долгогодишната соработка со Амбасадата на Полска во Република Македонија и оваа година успешно продолжува. Во предворјето на Св. Софија ќе настапи светската атракција Моцарт Група, за која морам да напоменам дека агендата е полна со години однапред.

Во предворјето на Св. Софија, оваа година публиката ќе го има задоволството да го проследи концертот, кој оваа година го доби признанието за најдобар концерт во Србија за 2013 година, на камерниот оркестар Св. Ѓорѓе од Србија заедно со извонредните солисти: познатиот тенор со светска слава Зоран Тодоровиќ, од Германија и како и добро познатиот виолинист Јован Колунџија, од Србија.

Задоволство ни е да што и оваа година традицијата на Вечер на ЕУ и Француска вечер на Охридско лето продолжува. На ова 54то издание на Вечер на ЕУ на фестивалот ќе имаме чест да уживаме во музицирањето на Италијанскиот ансамбл Вариабиле, заедно со флејтистот Масимо Марчели од Италија – додаде Јосифоска – Неделковска.

Во рамки на годинешното издание на Охридско Лето, македонската публика за прв пат ќе има задоволство и прилика да биде дел од концертот на светски познатиот и исклучително атрактивен кросовер и класичен музички уметник, хрватскиот маестрален пијанист Максим Мрвица.

Gorgi Joleski

Според програмата на Охридско Лето 2014, на 1 август на сцената на „Антички Театар“ во Охрид гостува The VOCA PEOPLE – сензационалниот перформанс на музичката комедија која комбинира восхитувачки и неверојатни вокални звуци.

Театарскиот дел на фестивалот годинава ќе го сочинуваат девет театарски изведби на различни театарски простори. Драмскиот селектор Ѓорѓи Јолевски нагласи дека целокупниот репертоар на програмата се темели на најновите театарски претстави создадени во минатата година, односно оваа театарска сезона.

Театарската продукција ќе излобилува со хумор, ведрина, полетност и убавина, секако ставена пос раката на класиката и високата уметност. Битолскиот Народен театар ќе се претстави со Шекспировото „Отело“, театар Комедија ќе ги разнежи срцата на посетителите со претставата „Многу врева за ништо“. Магот на театарската и филмската уметност Љубиша Георгиевски ќе го претставиме на публиката, затоа што одбележува роденден 77 години, а 55 години творештво. Драмскиот театар од Скопје премиерно ќе изведе еден од најновите текстови на македонската авторка Жанина Мирчевска. Режисерот Паоло Маџини ќе го видиме со невообичаен театарски проект. За прв пат во Македонија ни доаѓа театарот У-Мостра од Русија. Затворањето на фестивалот ќе биде со претстава на Звездара театарот од Белград – истакна Јолевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on