Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложба „Балкански современ акварел“ на која ќе учествуваат 16 автори од Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска и од Турција.
Организаторот соопшти дека целта е преку изложбата да се делува на менувањето на сфаќањата за инфериорната положба на акварелот во поглед на неговото вреднување.
Куратор на проектот е историчарот на уметноста Виктор Божурски.