Балкански поетски Вавилон во Друштвото на писателите на Македонија

Од:

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи манифестацијата „Балкански поетски Вавилон“.

Со настап на 20 членови на ДПМ и со стиховите на истакнати поети од Балканот, од домот на македонските писатели ќе биде испратена порака дека различните јазици на кои пишуваат авторите се слеваат во универзалниот јазик на поезијата со кој се надминуваат сите бариери на патот кон разбирањето, толеранцијата,  соработката, меѓусебното запознавање и зближување.

Поетската порака ќе ја испрати Кристина Николовска, а стиховите ќе бидат читани на јазиците на кои создаваат авторите на Балканот и во Македонија, односно на македонски, албански, турски, српски, бугарски, грчки, словенечки, хрватски, влашки, бошњачки, ромски јазик.

На средбата во ДПМ ќе бидат читани и стихови, во оригинал и во препев на македонски, на поетите Костас Асимакопулос (Грација), Алеш Штегер (Словенија), Сретен Перовиќ (Црна Гора), Садик Бејко (Албанија), Петар Караангов (Бугарија), Адам Пуслоиќ (Србија), Абдулах Сидран (Босна) и Анте Стамаќ (Хрватска), сите добитници на наградата „Книжевно жезло“ што ја доделува македонската писателска асоцијација.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска