Балкански поетски средби во Битола

Од:

Македонско научно друштво (МНД) – Битола вечер премиерно ќе ја одржи меѓународната манифестацијата „Балкански поетски средби“ на која ќе настапат 18 поети од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија и Македонија.

Станува збор за истакнати поети, најголем број членови на Друштвото на писателите на Македонија, како и поети од соодветните друштва и организации од балканските држави кои изразија желба своите најнови дела да ги презентираат во Битола.

– Наши и гости на градот ќе бидат истакнати поети со бројни авторски песни и дела меѓу кои Најдан Стојановиќ од Србија, Спасе Мазенковски од Мала Преспа, Албанија, стружанецот Петко Шипинкаровски и други вкупно 18 поети од државите на Балканот. Поетската средба ќе се одржи прв пат, но ќе прерасне во традиционална бидејќи за неа постоеше голем интерес, особено во периодот кога ја подготвувавме, а за што добивме поддршка од локалната самоуправа, изјави заменик претседателот на МНД Добре Тодоровски

Македонското научно друштво – Битола ќе го промовира вториот број на списанието „Современи дијалози“ со повеќе содржини, проза, поезија, критика, драмска и сценска уметност.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола