Балетската претстава „14 часа“ вечерва во рамки на „Охридско лето“

Од:

Вечерашниот термин на годинешната програма на фестивалот „Охридско лето“ е резервиран за балетската претстава 14 часа, во изведба на уметниците од Балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет од Скопје.

Станува збор за современ балетски перформанс, инспириран од дуетот „Нот ту клоус“ („Нот тоо клосе“) на авторско-изведувачкото дуо Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Музиката за балетот е на Кирил Џајковски, во режија на Наташа Поплавска, додека кореографијата и сценографско идејно решение е на Игор Киров. Протагонисти во овој несекојдневен балетски настан се Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии, како и гостите Иван Бојко од Украина и Васил Чичијашвили од Грузија.

Перформансот ќе се игра на сцената на „Долни Сарај“ со почеток од 21 часот.

Националната установа „Македонска опера и балет“ е реномирана културна институција основана во 1947 година (тогашниот МНТ со три ансамбли – драмски, оперски и балетски).

Ансамблот на македонскиот балет денес брои 62 члена, распоредени во сите категории на солисти, кор де балет и уметничко водство. Ансамблот на балет негува, главно, светска балетска класика, но и детски претстави, современи балетски кореографии и перформанси.

Покрај класичните дела како што се: „Лебедово езеро“ , „Жизел“, „Заспаната убавица“, „Оревокршачка“ и др. поставени се и делата на домашни автори: „Охридската робинка Ташула“ – С. Стојков, „Александар ИИИ Македонски“ – Љ. Бранѓолица, „Денови на Терпсихората“ – Р. Аврамовски и др., како и современите перформанси: „Јас, Исидора“ – К. Букле, „Дива љубов“ – С. Евтимова, „Зодијак“ – В. Стефановски и др.

Реализирани се голем број гостувања на познати европски и светски уметници, автори и репродуктивци, меѓу кои Игор Колб (Мариински театар – Санкт-Петербург), Сергеј Сидорски (Украина), Јана Салено (Украина), Дину Тамазлакару (Молдавија/Германија) и други, како и голем број гостувања на Македонскиот балет во странски земји.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма