Бајден му оддаде почит на Кенеди 60 години по атентатот

Од:

Џон Фицџералд Кенеди беше убиен на 22 ноември 1963 година во Далас. Шеесет години подоцна, американскиот претседател Џо Бајден му оддаде почит, велејќи дека тој е воен херој, сенатор и државник кој ја одбележа американската историја.

„Неговата смрт беше пресуден момент, загуба и голема траума што ја потресе душата на нашата нација“, се вели во изјавата на Бајден.

Поранешниот демократски претседател, избран во 1960 година, кога имаше 43 години, зацрта јасен курс за американската нација за толку многу важни прашања од 20 век, од граѓански права до еднаквост на жените до избирачко право.

– ЏФК никогаш не престана да прави се што може за да ја изгради Америка во согласност со неговите најголеми идеали, изјави актуелниот американски претседател.

Американската истражна комисија во 1964 година заклучи дека ЏФК бил убиен од Ли Харви Освалд, поранешен маринец кој живеел во Советскиот Сојуз, и дека тоа го направил сам. Но, и денес постојат многу теории кои ги оспоруваат овие заклучоци.

Би можело да ве интересира

Роберт Ф. Кенеди е нов министер за здравство на САД

ФБИ откри илјадници нови документи за атентатот на Кенеди

Комитетот за финансии на американскиот Сенат ја поддржува номинацијата на Кенеди за министер за здравство

ВИДЕО: Трамп нареди објавување на документите за атентатите на браќата Кенеди и на Мартин Лутер Кинг

Катерина Ѓуровски

Независниот Кенеди ја прекина кампањата, го поддржа Трамп

Кенеди: Бајден е поголема закана за американската демократија од Доналд Трамп

Горан Наумовски