Авторскиот портрет на Константин Плевнеш на Интернационалниот фестивал на фотографијата во Банги

Од:

Македонскиот режисер Константин Плевнеш од 17 до 20 август ќе го презентира авторскиот портрет на Интернационалниот фестивал на фотографијата, што се одржува во Банги, главниот град на Централноафриканската Република.

За време на фестивалот на националната телевизија од Банги ќе се прикажува филмот „Од Африка до Македонија – По патот на Св. Климент Охридски“ чиј автор е Плевнеш.

Филмот раскажува за Седрик Ункапон, млад лекар кој спасил стотици животи и е добитник на наградата „Млад светски хуманист 2019“, што ја доделува Охридската академија на хуманизмот, токму од оваа африканска држава.

Покрај овој филм ќе бидат прикажани и два документарни филмови на Плевнеш „Автобиографија на човекот-гулаб“ и „Волшебникот Питер Шуман“.

Константин Плевнеш истовремено е и член на интернационалното жири кое ќе ги награди најуспешните фотографии на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска