Автори од ДЛУМ вечерва во КИЦ со изложбата „Мал формат“

Од:

Во галерискиот простор на Културно – информативниот центар вечерва (21.12.2017 година) со почеток во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. На изложбата ќе се претстават автори – членови на ДЛУМ од цела Македонија.

„Кај нас, малиот формат или поточно „Македонско ликовно творештво во мал формат“ се ползува веќе од децениски опит, етаблиран во скелетот на културните и особено ликовните случувања на градот, во неговата годишна културна периодика и претставува светол момент во колективната меморија на скопската и македонската публика“, потенцираат од Друштвото на ликовните уметници на Македонија, во најавата за вечерашната изложба.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски