Автобиографска книга на Салвадор Дали во издание на „Феникс“

Од:

Издавачката куќа „Феникс“ ја објави автобиографската книга на Салвадор Дали  „Јас сум гениј“. Во неа славниот шпански сликар ги објаснува своите животни и уметнички постапки, комплексните основи на својата ексцентричност и бескрајната надреалистичка фантазија со која го обележа сликарството во 20 век.

– Салвадор Дали (1904-1989) е протагонист на надреализмот во Франција и САД. Неговото дело е забележливо по впечатливите комбинации на бизарните халуцинантни претстави и извонредната сликарска умешност под влијание на ренесансните мајстори. Салвадор Дали е уметник со огромен талент и имагинација. Цртежите му се изведени до перфекција и секогаш во простор во кој се насетува родниот крај. Со своите слики изврши големо влијание врз низа уметници од целиот свет. Делата на Дали се одликуваат со распространет симболизам, соопшти издавачот.

Книгата ги содржи тематските целини: Тајниот живот на Салвадор Дали, Раѓањето на Салвадор Дали, Анегдотскиот авторитет, Детството, Младешкото доба, Каменото доба, Средбата со Гала, Мојата борба и Повторно Париз. Преведувач на книгата е Ана Димова.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска