„Аудиенција“ од Вацлав Хавел вечер премиерно во Куманово

Од:

Во Куманово вечер ќе биде премиерно одиграна претставата „Аудиенција“ по текст на Вацлав Хавел.

Претставата ја режираше актерот Мирослав Петковиќ, а драматургијата е на Владислав Илиќ. За едноставната, но практична сценографија се погрижи Бојан Маневски, додека музиката е на Огнен Давитковски и Иван Стојанов. Овие момчиња се дел од осумчлената екипа која го сочинува т.н. Теактер студио.

Текстот на Хавел, велат, е строг, дрзок и отворено го критикува општеството, но и самиот концепт на претставата не заостанува зад ова. Главните и единствени ликови се Сладек, млад новопечен газда, шеф во пиварата, без ниедно влакно на лицето, а веќе на скалилото на хиерархијата, и Вањек, талентиран писател, прекинат во жарот на творењето, тркалач на буриња во пиварата, претставник на работничката класа, уште еден човек кој не работи во својата професија.

Режисерот Петковиќ низ малку комика, а многу повеќе иронија и цинизам, успешно ги спојува енергијата и жарот на Чедомир Митевски (Сладек), со искуството и тактичноста на Горан Илиќ (Вањек).

Вечерашната и следните две изведби закажани за утре и задутре може да се погледнат во клубот „Wire“.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање