Атанасов: СДСМ ги уништува симболите на Македонија, како што е институцијата „Танец“

Од:

Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ денеска пред „Танец“ во изјава за медиумите рече дека СДСМ вршеле вистински масакар во културата и културните установи, немилосрдно уништувајќи ги симболите на Македонија, како што е институцијата „Танец“

– Алаѓозовски е поим за неспособност и деструкција. Тој е целосно неспособен и незаинтересиран за развојот на културата која секојдневно ја разорува. Поставувањето на Стојанче Павловски за в.д. директор на Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” е уште еден доказ за хаосот и партизацијата што ги создава СДС. Павловски е човек со завршено средно градежно образование, кој е поставен само затоа што е политички подобен за Заев и Алаѓозовски. Неговото именување покажува колкав е интересот на СДС и Алаѓозовски за македоноската култура и оваа државна институција која е најголем репрезент на Република Македонија во странство, рече Атанасов.

Тој додаде дека Павловски, како кадар на СДСМ кој имал завршено само средно градежно училиште, доаѓал на местото на Зоран Џорлев, докажан уметник и афирматор на македонската култура, фолклор и музика и дека граѓаните го гледале и се срамеле од разорувањето на институциите од страна на СДСМ. Како што кажа Атанасов, граѓаните ја гледале разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри и кадрите на СДСМ.

– Почитувани зарем не е срамен ваквиот однос на СДС кон оваа установа? Граѓаните се доволно мудри за да оценат која е разликата во односот спрема културата на СДС во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека СДС нема баш никаква намера за афирмација на македонската култура и традиција. СДС единствено се грижи за спроведување на партизацијата и депрофесионализацијата на сите институции. Ниту граѓаните, ниту државата им се на прво место. Ниту некогаш им биле.СДС си поигрува со ансамблот „Танец“, кој е една од најстарите институции од ваков вид во Република Македонија, а дефинитивно најнаградувана, и одликувана со разни награди во земјата и странство. Со ваквите свои чекори на делување очигледно е дека СДС сака да ја партизира секоја пора на општеството, рече Атанасов.

Тој ги запраша СДСМ дали е вистина дека новоименуваниот в.д. директор со самото поставување на позицијата барал списоци за вработените кои добиле решенија изминативе 10 години?

– „Танец“ е културна установа од највисок ранг и не смее да биде жртва на умоболните политики на СДС. „Танец“ е формиран далечната 1949 година и од тогаш до денес истиот претставува амбасадор на македонскиот фолклор. Примарната цел за постоење на ансамблот е да се одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор, што успешно го прави веќе 6 децении благодарение на стручниот и посветен кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период сериозно инвестираше во оваа установа, а на вработените им ги зголеми платите, рече Атанасов.

Според него, СДСМ си поигрува со институцијата која што имала над 4.5000 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи.

– Ансамблот „Танец“ во текот на годините се закитил и со голем број на државни награди, како: „11-ти Октомври“, „Климент Охридски“, наградата од градот Скопје „13-ти Ноември“ како и орденот на заслуги доделен лично од претседателот на Република Македонија. СДС со партизацијата која упорно ја спроведува во сите институции, ја загрозува оваа институција која е промотор на македонската култура и традиција во светот. Заρади ваквата неодговорност, негρижа и неспособност на владата на СДС набρзо ќе следи политичκа одговоρност на претстојните локални избори, кога граѓаните ќе кажат што мислат за погубните политики на СДС, заврши Атанасов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица

(ВИДЕО) Петрушевски: Македонија мора да функционира како правна држава

ВМРО-ДПМНЕ: Судство составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал еднаков на ДУИ и СДС

Горан Наумовски