„Арт рок хепенинг“ во Кавадарци

Од:

„Арт рок хепенинг“ ќе се одржи вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци со почеток во 19 часот. На манифестацијата, во текот на денов и претходеше сликање на уметнички дела од страна на ликовни уметници од повеќе градови, на отворен простор. Делата ќе бидат финализирани на крајот од денот, пред очите на јавноста.

-Учествуваат ликовните уметници Драган Најденовски од Битола, Новица Трајковски и Андријана Мациев од Скопје и Киро Јосифов, Лазар Дојчинов и Горан Боев од Кавадарци. За музичкиот дел ќе се погрижи „Ано бенд“ од Кавадарци, појаснија од Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, кој овој настан го организира со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Оттаму нагласија дека активностите се одвиваат според протоколите за работа во време на коронавирус. За сите присутни на настанот – носење лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, одржување на растојание 1,5 – 2 метри и ограничен број на посетители.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Горан Наумовски

33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Семејно насилство во Кавадарци: Маж ја истепал сопругата

Горан Наумовски