Археолошкиот музеј се приклучува на Европските денови на културно наследство

Од:

Археолошкиот музеј на Македонија од денеска до 1 октомври се приклучува на европската манифестација „Европски денови на културното наследство“, основана во септември 1991 година, на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка од страна на Европската Унија.

Целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство. Темата на годинашното одбелжување во Европа  е „Индустриско и техничко наследство“. Република Македонија која е вклучена во ова одбележување од 1996 година годинава заедно со триесет европски земји го слави наследството во сите негови видови, вклучително и материјалното и нематеријалното, движното и недвижното културно наследство.

Археолошкиот музеј оваа година на манифестацијата ќе учествува со изложбата „Накитот од Македонија низ вековите“, бесплатна посета на неолитското село Тумба Маџари, а во организација на музејот наредните денови до 1 октомври ќе бидат донесени и 1.500 ученици средношколци од Скопје и Битола на бесплатна музејска тура, со цел одбележување на настанот и запознавање на учениците со движното археолошко културно историско наследство. Во сабота и недела влезот во Музејот ќе биде бесплатен за сите посетители.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи