Археолошки истражувања на микролокацијата Кале-Стрезов Град-село Челевец-Демир Капија

Од:

Во рамки на Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура започнаа археолошките истражувања на микролокацијата Кале – Стрезов Град, село Челевец – Демир Капија, каде што се наоѓа претпоставената средновековна тврдина Просек. Носител на активностите е Институтот за старословенска култура – Прилеп во соработка со Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија.

Археолошките истражувања на овој простор започнаа во 2015 година при што се откриени архитектонски структури од средновековен сакрален објект – црква и една од кулите во состав на монументалната фортификација, кои заедно со археолошките наоди се материјална потврда на историските извори кои ги пренесуваат случувањата на ова место во средновековниот период.

Министерството за култура соопшти дека годинашните истражувања се насочени кон дефинирање на целосната стратиграфска слика на сакралниот објект, при што е откриена постарата средновековна фаза и ранохристијанска базилика како сведоштво за духовната и религиозната димензија со која зрачи овој тешко пристапен простор. Исто така, откриени се и неколку средновековни гробови вкопани во северниот и во јужниот кораб на базиликата.

Истовремено, за оваа година Министерството одвои средства и за изработка на проект за конзеваторско-реставраторски работи на одбранбената кула која беше откриена минатата година.

Овие координирани археолошки и конзерваторски активности се со цел оваа микролокација да се ревитализира како значајна туристичка дестинација на Коридорот 10, кој претставува најфреквентна делница во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска