Археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“ во Кривопаланечко

Од:

Одбран тим археолози, историчари на уметност и останат кадар работи интензивно на годинашната сесија истражувања на археолошкиот локалитет Градиште кај село Градец, Крива Паланка, во рамки на Годишната програма за проекти од национален интерес во културата на Министерство за култура на Република Македонија.

Ископувањата се дел од проектот „Заштитни археолошки истражувања на археолошки локалитет –Градиште во село Градец 2018 година“, финансиран од Министерството за култура.

-Овие истражувања се резултат од повеќегодишните напори на Локалната установа Градски музеј, Крива Планка за истражување на локалитетот, негова валоризација и туристичка презентација во контекст на туристичкиот комплекс во село Градец.

Локалитетот се наоѓа во особено значаен сакрален простор, покрај црквата „Св. Никола“ која датира од 19 век, а северно од Градиште, исклесана во карпа се наоѓа и испосницата на путиножителот Св. Јоаким Осоговски, што дополнително ја зголемува комплексноста и атрактивноста на наоѓалиштето, изјави директорот на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, Драган Величковски. Посета на каде е лоцирана и испосницата на пустиножителот, свети Јоаким Осоговски.

Увид во работите на терен денеска изврши и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој заедно со тим од општината и градскиот мувеј одблиску се запозна со активностите кои тековно се реализираат, истакнувајќи ја важноста од продолжување на проектот кој е во функција на зачувување на културно-историското наследство на регионот.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска