Околу 80 дела на македонски уметници од сите генерации ќе бидат поставени денеска во Чифте амам, во рамки на изложбата „Апстракција во современото македонско сликарство и склуптура“.
Изложбата ретроспективно ги обработува појавата и развојот на апстрактната уметност во современото македонско сликарство и скулптура од шеесеттите години на минатиот век до денес, потенцирајќи ја непредметната уметност како доминантен израз во македонската ликовна уметност, а ја подготви Златко Теодосиевски.
Посетителите ќе имаат можност да видат дела од Петар Мазев, Димитар Аврамовски-Гуте, Петар Хаџи Бошков, Миле Корубин, Борис Николовски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Јордан Грабулоски, Борко Лазески, Слободан Филовски, Танас Луловски, Татјана Миљовска, Златко Глигоров, Благоја Маневски, Решат Ахмети, Влатко Миладинов,…